Во женскиот дел на Отвореното првенство на Австралија без никакви изнанедувања помина третото коло.
Првата носителка Серена Вилијамс ја совлада Елена Свитолина за место помеѓу најдобрите 16 на турнирот. Американката по целосен пресврт успеа да слави победа со 2-1 во сетовиа, а изненадувачки го загуби првиот сет со 4:6, но потоа се врати во нејзината препознатлива форма и во следните два сета на противничката и препушти само два гема или (6:2;6:0). Серена Вилијамс во следното коло ќе игра против Мугуруза, која во три сета беше подобра од Бачсински од Швајцарија со 6:3, 4:6 и 6:0.
Нејзината постара сестра Венус истотака со 2-1 (4-6, 7-6, 6-1) во сетови славеше победа над Италијанката Џорџи.
Сигурен од во Австралија има и Викторија Азаренка која по елиминацијата на Каролин Вознијацки продолжува со одличните игри. Таа утринава беше подобра од Захвалов – Стрицова со 2-0 (6:4, 6:4).
Победи остварија и Брегле, Цибулкова и Радванска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




