Тешка ракометна битка во Доха водат Македонија и Австрија, а влогот е второто место во Б групата и осминафинален меч против Словенија. По 30 минути игра е нерешено 16-16, резултат што ни одговара и ни го обезбедува местото зад лидерот Хрватска.
Мечот го почнавме одлично, а расположен на голот беше Борко Ристовски. Тој одбрани неколку удари по ред и Македонија водеше со 3 гола разлика 7-4. Постојано имавме предност во првиот дел, но и Австрија има свои адути, па предводени од најефикасниот поединец во првиот дел, крилото Вебер успеа на крајот да стаса до егал позиција.
Вебер постигна 7 гола и уште еднаш потврди дека имаме проблеми во одбраната против десните крила на ривалите. Така беше и со Хрватска кога Чупиќ ни ја наполни мрежата, а и сега Вебер е немилосрден.
Во нападот играме добро, а со 5 гола најефиасен е Кирил Лазаров. Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски постигнаа по 3 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.