| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на венецијански маски во Прилеп

Венецијански маски

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена изложба на венцијански карневалски маски, изработени од Жаклина Костоска. На изложбата може да се видат околу 150 маски, изработени во техниката „папир-маше“.

Жаклина Костоска е родена во 1967 година во Прилеп. Таа дипломирала биохемија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во 2010 година, активно почна да навлегува во техниката „папир-маше“ и изработка на карневалски маски. Реализираше посета на Венеција и притоа ја усоврши својата техника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top