Словенија е реалност и најверојатен ривал на Македонија во осминафиналето на мундијалот во Катар, секако со услов денеска да ремизираме или да победиме против Австрија. Варијанти има три за можниот противник во нокаут-фазата, а најреално е да играме против Словенците во клучниот меч за продолжување на одисејата на СП и за пласман во квалификациите за Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.
По Словенија, како можен противник во осминафиналната рунда би ни бил Катар, под услов ние да загубиме од Австрија, а Катар да биде второпласиран во групата А.
Во светот на чудата е варијатнтата да играме против актуелниот светски првак Шпанија, сценарио што е најнепосакувано. Шпанците се лидери во групата А и денеска попладне играат со Словенија. Ако „црвената фурија“ загуби од Словенците со 5 или повеќе гола разлика, а Катар ја победи Белорусија, тогаш во круг на три репрезентации со ист број бодови, Словенија ќе биде прва во групата А, Катар втор, а Шпанија трета.
Тоа е најнеочекуваното сценарио, што со реми или победа на Македонија против Австрија би ни донел осминафинален нокаут-меч против бранителот на трофејот Шпанија.
За понатаму, ако евентуално Македонија ја мине првата елиминациска рунда како второпласирана од групата Б во дуел со третопласираната селекција од групата А (очекувана варијанта Македонија – Словенија), тогаш најреална варијанта е да играме со првопласираната селекција од групата Ц. Таму битка за лидерската позиција денеска ќе бијат Франција и Шведска. Една од тие две селекции ќе биде прва во групата Ц и ако го добие осминафиналниот меч со четвртопласираната селекција од групата Д (Русија или Аргентина), ќе игра против нас за пласман во полуфиналето.
Варијанти има многу, математиката е непредвидлива, а може и да биде весела, но најверојатна варијанта за осминафиналето е Македонија да игра со Словенија или со Катар, а потоа со Франција или со Шведска во евентуално четвртфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето