| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот културен центар во Софија со изложба на плакати го прославува десетгодишниот јубилеј

Денеска (23 јануари) во 18.30 часот во галерискиот простор на КИЦ на Република Македонија во Софија ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати од настани организирани од Центарот во изминатите 10 години од своето постоење. Во 2015 година, Македонскиот културен центар во Софија одбележува свој 10-годишен јубилеј, а со оваа изложба на плакати официјално се отвора и јубилејната годишна програма на Центарот за 2015 година.
100_9066
Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија работи од 27 април 2005 година и во изинатите 10 години бил организатор или партнер во организација на преку 350 културни настани во Софија и други градови во Р. Бугарија.
На првата од серијата изложби на ретроспективни плакати кои се дизајнирани од ликовниот уметник Иво Пецов, директорот на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров, ќе ја претстави и културната понуда од програмата за 2015 година.
100_9067

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top