| четврток, 6 декември 2018 |

Пренос во живо на „Лебедово езеро“ на Бољшој во „Синеплекс“

На 25 јануари (недела) со почеток во 16:00ч ќе биде прикажан петтиот балет од сезоната 2014/15 на Бољшој. Љубителите на балетот ќе можат да го погледнат преносот во живо на „Лебедово езеро“ во киното „Синеплекс“.
Во 1969 година, Григорович ја креираше својата верзија на најпознатиот балет на Бољшој. Почитувајќи ја желбата на Чајковски, тој одбрал да му даде трагичен крај на балетот. Советскиот режим го забранил ваквиот крај, менувајќи го со класичната повторна средба на љубовниците. Единствено во 2011 година му беше дозволено на Григорович да ја постави својата верзија на Бољшој сцената. Извонредната верзија која ни пристига во Cineplexx ги вклучува двајцата проминентни балетски танчери од познатата Руска балетска компанија, одличната Светлана Захарова и младиот Денис Родкин.
Балетот трае 160 мин, музика: Петар И. Чајковски, кореографија: Јуриј Григорович.
Во палатата, кралското семејство и нивните гости се собрани за роденденската забава на принцот Зигфрид. Во величествената церемонијата, Зигфрид е прогласен за витез. Младите девојки се обидуваат да го привлечат неговото внимание, бидејќи тој мора да одбере жена за време на балот. Обземен од ненадејна свест за своите идни одговорности, тој бега во текот на ноќта и среќава
едно чудно јато лебеди до магичното езеро. Бел лебед преку ден, а навечер човек, прекрасната Одета чека заклетва на вистинската љубов за да се уништи проклетството. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, соодветно поставени во ерата на дворска романса и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид, и без сомнение ќе биде изведена до совршенство со исклучителна виртуозност на грандиозниот руски балет Бољшој. Ова универзално и волшебно ремек- дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top