| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија првпат поразена во четвртото коло, Хрватска сепак пресилна

На светското ракометно првенство во Катар Македонија првпат загуби дури во четврото коло до репрезентацијата на Хрватска со 26-29 и со тоа ги загуби шансите за првото место на табелата во групата Б.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Нашите ракометари добро го започнаа натпреварот и по само 15 минути имаа висока предност од четири голови разлика (9-5), но можеби најдоброто десно крило на шампионатот Иван Чупиќ, со серија од четири гола ја врати својата репрезентација во игра и го израмни резултатот. До крајот на првите 30 минути се играше гол за гол, а предноста од само еден гол за хрватите во првиот дел (14-15) ветуваше одлично натпревар до самиот крај.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Во второто полувреме сосема друга слика на теренот. Хрватите почнаа фуриозно, ги затворија сите приоди го голот на Алиловиќ кој успеа во текот на целиот натпревар да одбрани 13 удари, дури 10 во вториот дел.
Серијата од 5-0 за само пет минути ја одведе Хрватска во недостижна предност од 22-17, а нападот на ракометарите на Ивица Обрван не функционираше и постигна само три гола за 15 минути. Искусните Дувњак, Вори, Копљар и Чупиќ знаеја како да го приведат натпреварот до крај и заслужено се радуваа на победата и првото место во групата Б.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Иван Чупиќ беше моторот на репрезентацијата на Хрватска со постигнати девет гола, а најдобриот светски ракометар Домагој Дувњак постигна пет, сите во второто полувреме.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Во нашиот состав најдобар стрелец беше капитенот Кирил Лазаров со седум погодоци од кои три од пенал.
Во последниот натпревар во фазата по групи Македонија во петок игра со Австрија. Овој натпревар е од големо значење бидејќи со евентуална победа ќе го освоиме второто место во нашата група, со што ќе вкрстиме со третопласираната репрезентација од групата А, а тоа може да биде Катар или Словенија.

Qatar 2015 M41 MKD vs CRO

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top