Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељаноски.
Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на албанскиот парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.
Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
Претседателот на албанскиот парламент во рамки на посетата ќе се сретне со претставници на раководствата на ДУИ, ДПА и СДСМ.
Предвиено е тој да се сретне и со Орхан Ибраими, претседател на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Албанија и членовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.