За да ослабете и ја постигнете саканата тежина, потребно е многу повеќе од вежбање и диети. Доколку сакате да ослабете, морате да го промените и своето однесување. Овие неколку совети ќе ве научат како да пристапувате кон храната и вежбањето:
Понеделник – мудро управувајте со своето време
Јасно е дека сте зафатени и имате многу обврски, но запрашајте сте дали сте навистина толку зафатени? Морате секогаш да размислувате за начинот на кој го трошите вашето време. Размислувајќи, ќе сфатите колку време поминувате гледајќи ТВ или правите некои други небитни работи. За подобра организација на времето: комбинирајте ги работите – додека ја правите вечерата, направете го и ручекот за следниот ден, распоредете ги обврските, направете си листа на обврски.
Вторник – направете распоред на оброците
Сите кои сакаат да ослабат, секогаш прескокнуваат некој оброк, но тоа не треба никогаш да го правите. Потребна ви е редовна количина на хранливи материи за да можете добро да функционирате. Секогаш јадете редовно, и пробајте да јадете на секои четири часа.
Среда – ограничете ги оброците само во кујната или во трепезаријата
Јадење надвор од кујната или трепезаријата не се препорачува, бидејќи така се добиваат лоши навики – јадење пред компјутер или пред телевизор. Јадете секогаш во кујната или трепезаријата и тоа само кога сте навистина гладни.
Четврток – немојте да правите ништо друго додека јадете
Ако правите нешто друго додека јадете, на пример читате нешто, помалку внимание ќе посветите на тоа колку јадете. Потрудете се додека јадете да не правите ништо друго, и на тој начин ќе можете да внимавате колку храна внесувате.
Петок – најдете поддршка
Истражувањата покажуваат дека полесно ќе ослабете ако добивате поддршка од блиските луѓе. Секогаш можете да ги замолите за прошетка после вечерата или храната да ви ја служат во помали чинии.
Сабота – преземете контрола над своите мисли
Често можеме да се најдеме на место кое ќе ни ја разбуди желбата за храна, иако не сме гладни. Па секогаш на ваквите места преземете ја контролата над своите мисли, односно правете нешто друго кое ќе ви ги оттргне мислите од храната.
Недела – испланирајте ги оброците за цела недела
Ако не сте организирани, ќе јадете се што ќе ви падне на памет. Испланирајте ги оброците за наредната недела, купите сè што ви е потребно и на тој начин ќе го спречите прејадувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.