| четврток, 6 декември 2018 |

И трето полувреме победничко, Македонија води против БиХ со 13-11

По третпат на мундијалот во Катар, Македонија води по првото полувреме, денеска од 17 часот против Босна и Херцеговина со 13-11. Избраниците на Ивица Обрван од стартот на мечот тргнаа фуриозно и поведоа со 6-1, но кога се чинеше дека го кршиме отпорот на ривалот, Босна и Херцеговина возврати со низа од 5 гола, за нерешен резултат 6-6.

makedonija-15

Борко Ристовски блескаше на голот на Македонија, одбрани неколку тешки удари и ги смири нападите на „босанците“. Во контранападите бевме солидни, погодуваа Дејан Манасков и Гоце Георгиевски, па на одмор заминавме со предност од два гола. Ова е клучен меч за двете репрезентации во фазата по групи. Ако Македонија ја задржи предноста и победи ќе биде најмалку третопласирана во Б групата, со шанса да се бори и за врвот и за послаб противник во нокаут фазата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top