| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица уапсени во Белгија поради закани кон полицијата

Тројца мажи се уапсени во Белгија поради закани кон полицијата, соопшти обвинителството, јави ДПА.

Апсењата се извршени два дена, откако белгиските власти го осуетија заговорот за напад врз силите за зачувување на редот. Според обвинителството поради случувањата од четвртокот „сите закани се разгледуваат крајно сериозно“.

Двајца од мажите биле уапсени синоќа, откако им се заканувале на полицајците во западниот дел на Брисел. Третиот маж бил уапсен во посебен случај во близина, откако се преправал дека стрела кон припадник на полицијата.

Во меѓувреме шестмина војници беа поставени да го обезбедуваат еврејскиот музеј во Брисел, каде четири лица беа убиени при напад во мај минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top