Навивачи на грчки ПАОК најавиле дека ќе дојдат во Скопје како поддршка на „Гробарите“ во натпреварот од АБА меѓу Партизан и МЗТ Скопје, пишуваат српските спортски портали.
Информациите на порталите се од редовите на навивачите на „црно-белите“, кои им откриле дека меѓу нив ќе има десетина Грци.
Навивачите на ПАОК и на Партизан имаат традиционално добри односи, но тие, исто така, често знаат да изнесуваат провокативни транспаренти кои ги навредуваат чувствата на Македонците.
Ако навистина пристигнат во Скопје, нема да биде чудно ако се обидат да предизвикаат некој инцидент од таков тип.
Натпреварот се игра в сабота со почеток во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Македонија е една и единствена и таа е тука“ развеа ПАОК во Солун
-
Сопственикот на ПАОК се извини: Сакав да ги заштитам навивачите, ќе се борам за фер фудбал
-
Со пиштол на ременот, газдата на ПАОК му се заканил на судијата: Ти си мртов човек! (видео)
-
Го признал голот и го прекинал мечот: Извештајот на судијата на грчкото дерби каде сопственикот на ПАОК влета со пиштол


