| четврток, 6 декември 2018 |

Седум лица повредени во судир на два трамваи

трамвај

Седум лица се повредени во судир на два трамваи кој што се случиул денес претпладне во Белград, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Брзата помош.

-Возачот на еден од трамваите е свесен, но не е во можност да го реконструира настанот, поради што е префрлен во Ургентниот центар – изјавила портпаролката на брзата помош Нада Мацура.

Сударот се случил утрово на улицата Милентиј Поповиќ. На местото на несреќата веднаш се јавиле две возила на Брзата помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top