| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола најладно, Маврово со најмногу снег

 Највисока снежна покривка од 32 сантиметри утрово во 7 часот е измерена во Маврови Анови

Како што соопшти УХМР, во Лазарополе се измерени 21 см, 9 во Крушево и Пожаране, 8 во Тетово, 7 во Ѓуриште, 6 во Прилеп, 5 Охрид, 3 Битола и 2 во Тополчани.

Времето преку ноќта и изутринава е ведро и студено, во повисоките места со слаб ветер претежно од јужен правец.

Минималните температури се движат од -8 во Битола, Тетово и Берово, -6 во Скопје-Петровец, -5 во Крива Паланка, Куманово и Д.Капија, -4 во Скопје -Зајчев Рид, Штип, Струмица, Прилеп, Виница, Маврово и Дебар, -3 во Кавадарци, Претор и Лазарополе, -2 Охрид, -1 Гевгелија и Крушево и 2 степена во Дојран.

За денеска се прогнозира сончево со мала облачност, претпладне со слаба магла по некои котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 3 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде умерено облачно со слаба магла, а попладне сончево, со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини. Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top