Највисока снежна покривка од 32 сантиметри утрово во 7 часот е измерена во Маврови Анови.
Како што соопшти УХМР, во Лазарополе се измерени 21 см, 9 во Крушево и Пожаране, 8 во Тетово, 7 во Ѓуриште, 6 во Прилеп, 5 Охрид, 3 Битола и 2 во Тополчани.
Времето преку ноќта и изутринава е ведро и студено, на повисоките места со слаб ветер претежно од јужен правец.
Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини. Од недела попладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб интензитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.