| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Путин нема да биде поканет на средбата на Г­7 во Баварија

­ Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г­7, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.
­

Г­7 и поранешната група Г­8 отсекогаш се сметале за заедница, основана на вредности, изјави Меркел во интервју за „Франкфуртер алгемајне“.
­

Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности, додаде таа.
­

Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г­7 во Баварија во јуни, истакна канцеларката.

Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top