Нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да биде поканет на средбата на лидерите од Г7, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, која ќе биде домаќин на средбата во јуни во Баварија.
Г7 и поранешната група Г8 отсекогаш се сметале за заедница, основана на вредности, изјави Меркел во интервју за „Франкфуртер алгемајне“.
Анексијата на Крим, која беше нарушување на принципите на меѓународното право, како и настаните во Источна Украина, ги поткопуваат сериозно тие вредности, додаде таа.
Затоа, нема шанси засега Путин да биде поканет на средбата на врвот на Г7 во Баварија во јуни, истакна канцеларката.
Таа ја повтори позицијата дека Европа не може да разгледува укинување на санкциите против Русија, додека не бидат отстранети причините за нивно наложување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


