Руската тенисерка Виолета Дегтиарева почина за време на тренинг од срцев удар.
Младата тенисерка не се чувствувала добро за време на тренингот, а последиците беа кобни.
„Твоето срце може да се одмори во мир“ – напиша нејзината колешка Анастасија Вдовенцова на својот Фејбсук профил, кога дознала за трагедијата.
Виолета Дегтиарева беше на 1084 место на ВТА листата, а нејзин нависок пласман бил 947 место. Најголем успех постигна на турнирот во Анталија, кога во 2013 година стигна до четвртфинале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



