| четврток, 6 декември 2018 |

Радовишанка остана без прсти, наместо свеќа запалила петарда

Краткотраен прекин на струја, ја остави без дланка 19-годишна девојка од Радовиш. Во темницата таа наместо свеќа запалила петарда која и експлодирала во раката.

-Без неколку прсти таа е донесена во Штипкaта клиничка болница, но оттаму итно е препратена на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, пренесе Нова Македонија.

Прогнозите за спас на нејзината дланка не се добри и можно е таа целосно да го загуби овој дел од раката иако лекарите се борат да ја спасат.

Инаку, петардите биле набавени ден претходно и наменети за прослава на Сурова, но наместо забава тие на радовишанката и донеле траен инвалидитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top