Барселона е повторно моќна, Лионел Меси влезе во топ форма и тоа на своја кожа го почувствува Селта, која од „Камп Ноу“ си замина со пет голови (5-0) во мрежата. Каталонскиот тим испрати порака и до ПСЖ, кој има предност од 4-0 по првиот осминафинален меч во ЛШ, но допрва треба да дојде на реваншот на стадионот на Барса.
Лионел Меси го отвори резултатот во 24.минута, а до крајот на првиот дел Нејмар изведе вистинска фудбалска магија за 2-0.
Ракитиќ во вториот дел се запиша меѓу стрелците, исто како и Умтити, а серијата голови повторно ја затвори Лео Меси за „петарда“ за Селта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.