Фудбалерите на Баерн Минхен со 5-1 го совладаа Арсенал и покажаа дека се специјалисти за оваа фаза од Лигата на шампионите, во која досега немаат доживеано елиминација. По натпреварот, стрелецот на првиот гол, Холанѓанецот Арјен Робен изјави дека оваа победа ќе биде мотивирачка за продолжение на сезоната.
– Имав многу простор во ситуацијата за првиот гол и тој простор го искористив. Голот за 2-1 многу ни помогна да покажеме кој е господарот на нашиот терен во Минхен. Бевме изненадени од почетокот, но оваа екипа има неверојатен карактер, по страничните позиции доминиравме и да се постигнат пет гола против Арсенал, не е мала работа. Оваа победа ќе ни донесе многу добри работи во иднина, убеден сум – изајви Робен
Реванш натпреварот на „Емирати“, кој се најавува како чиста формалност е закажан за 7 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.