Српскиот пејач Дадо Полумента претрпел сериозни повреди денеска, откако при фрлање на петарда настрадале прстите на неговата десна рака. Тој упати порака преку социјалните мрежи, порачувајчќи им на луѓето да не фрлаат петарди.
– Со оваа фотографија сакам да апелирам до сите луѓе кои сакаат да фрлаат петарди, а посебно до децата. Петардите веќе не се како што беа некогаш кога бев јас дете. Ова се воглавно кинески производи и повеќете се многу лоши и опасни по живот, напиша Полумента на социјалните мрежи.
Вели дека „добро поминал“ со повреди на „само“ два прста и 30 конци.
– Не дај боже тоа да беше мојот Доријан, или некое друго дете, раката ќе му беше разнесена, бидејќи експлозијата се случи предвреме. Човек не може да стигне воопшто да ја исфрли од рака, а имаат разорна моќ како динамит. Во Нови Сад многу луѓе завршија со реакција на итна помош, помлади и постари лица, вели пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.