
Течниот гас ЛПГ од денеска поевтинува за 3,5 денари по литар и наместо за 31,5 ќе се продава за 28 денари за литар.
За 5 денари пониска цена има и метанот, кој сега се продава за 43 денари за еден килограм.
Намалувањето на цената на метанот се должи на поповолниот договор што „Макпетрол“ го склучи со руската компанија „Газпром“.
Според договорот, за 5,4 денари по нормален метар кубен се намалува и цената на природниот гас за индустријата, со што наместо за 29,9, ќе се продава за 24,5 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


