Градот Ченаи е најголемиот комерцијален и индустриски центар во Јужна Индија, каде главниот акцент е развојот на автомобилската индустрија, како и градежништвото, информатичката технологија, филмската индустрија, а со БДП од 66 билиони долари е на листата на 10 најбрзо растечки градови во Индија.
Премиерот Груевски истакна дека Владата на Република Македонија е ориентирана кон поддршка на бизнисот и е пријателски расположена кон бизнис заедницата, отворена и достапна за контактирање.
Ако има некој предизвик може лесно да дојдете до некој директор, министер и до премиерот. Ако дојдете и ги посетите странските компании кои инвестирале тоа ќе ви го потврдат, истакна премиерот Груевски.
Тој посочи дека Македонија постигна голем напредок во реформата на Централниот регистар.
Ние сме број еден во Европа во однос на Централниот регистар и 6-ти во светот. Пред 12 години немавме Централен регистар, јас тогаш бев министер за финансии и добив задача да формираме Централен регистар. Тогаш норвешкиот регистар беше најдобриот во Европа за што отидов таму со делегација и видовме како работат. Сега 12 години подоцна Македонија има најдобар Централен регистар во Европа, подобар од норвешкиот и 6-ти во светот, изјави премиерот Груевски на бизнис форумот.
Претседателот на Владата во своето обраќање образложувајќи ги поволностите за инвестирање истакна дека државата инвестира во отворени слободни економски зони каде што секој инвеститор во првите 10 години е ослободен од плаќање на данок на добивка и персонален данок. Посочи и дека во насока на понатамошна либерализација на движењето на капиталот се овозможи странски државјани слободно и директно да купуваат недвижности и градежно земјиште. Додаде дека се вложува и во развој на знаењето во информатичките технологии со што во последниот период значително се зголеми пенетрацијата на интернет, се отвори нов универзитет за информатички технологии каде се студира на англиски јазик, и се врши зајакнување и на останатите факултети за информатичка технологија.
Министерот Џери Наумоф потенцираше дека освен можноста за изградба на нови објекти за производство, на индиските инвеститори им стојат на располагање и готови простории кои може да се адаптираат за браунфилд инвестирање.
-Можеме да најдеме празни фабрики и тие да бидат отстапени под поволни услови, што е добра предност. Некои компании како Џонсон Контролс од САД одлучија да отворат нова фабрика и наместо да имаат застој во производството тие се лоцираа во една од празните фабрики и додека се градеше новиот капацитет тие беа во можност да донесат опрема, да вработат работници и направат обуки. Тоа е одлична можност за компаниите која им стои на располагање, истакна Наумоф.
Заменик министерот Христијан Делев говореше за можностите за инвестирање во туризмот, како и олеснувањата кои им стојат на располагање на потенцијалните инвеститори. Тој истакна дека Македонија е место каде може да инвестираат индиските компании и да ја искористат предноста на добрата инфраструктура и даночните олеснувања, и останатите поволности кои се нудат за отпочнување на бизнис.
Директорот на Тајлор Рабер Груп и претседавач на индискиот Национален совет на индустријата, Тетра Ашок изрази задоволство од презентацијата и од условите кои Македонија ги нуди на странските инвеститори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.