| четврток, 6 декември 2018 |

Има само 12 години, собира топки и погодува каде ќе шутирате пенал (видео)

Тинејџер од Бризбејн има само 12 години и веќе стана херој на азискиот куп што е во тек, а особено ги израдува Кинезите. Момчето собира топки, а со точна прогноза му помогна на кинескиот голман да го одбрани пеналот на Хазази од Саудиска Арабија.

Голманот Ванг пред изведувањето на пеналот дојде до момчето зад голот и го праша каде ќе шутира Хазази. На видео снимката се гледа во кој правец покажува момчето од Бризбејн, а Ванг одлучи да го послуша советот на 12-годишниот собирач на топки и не погреши.

det

На шега сега велат дека Кинезите повторно ќе го побараат својот херој да ги собира топките и на следните натпревари од азискиот куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top