Тинејџер од Бризбејн има само 12 години и веќе стана херој на азискиот куп што е во тек, а особено ги израдува Кинезите. Момчето собира топки, а со точна прогноза му помогна на кинескиот голман да го одбрани пеналот на Хазази од Саудиска Арабија.
Голманот Ванг пред изведувањето на пеналот дојде до момчето зад голот и го праша каде ќе шутира Хазази. На видео снимката се гледа во кој правец покажува момчето од Бризбејн, а Ванг одлучи да го послуша советот на 12-годишниот собирач на топки и не погреши.
На шега сега велат дека Кинезите повторно ќе го побараат својот херој да ги собира топките и на следните натпревари од азискиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



