Поморскиот сообраќај во реонот на Истанбул од утрово е во прекин поради невремето проследено со силен ветер со брзина и до 60 километри на час, што го зафати подрачјето на Мраморно Море.
Како што објави весникот „Милиет“, поради обилните снежни врнежи, прекината е наставата во училиштата во неколку села во окрузите Гиресун, Карабик и Орду во северна Турција.
Според весникот, во многи реони во тој дел на Турција е формирана дебела снежна покривка, која во зимскиот туристички центар Улудаг во реонот на Бурса, наместа достигна и до три метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.