Договорот за приклучувањето на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ е во завршна фаза. Направено е последното усогласување на договорот и се очекува наскоро руската страна да го ратификува, а потоа и македонската влада, посочи вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
– Имавме посета во Москва при што беше извршено детално усогласување на договорот со „Газпром“. Од руска страна очекуваме сега да се ратификува, а потоа и од наша страна, така што сме во завршна фаза – изјави Ставрески и додаде дека од руската страна зависи кога би се ратификувал и колку бргу таа ќе го ратификува договорот, а од македонска страна ќе биде завршено за два дена.
Нацрт-спогодбата за вклучување на Македонија во овој проект беше доставена лани во јули. Македонија во гасоводниот систем ќе биде вклучена со крак, а не како транзит, одлучила руската компанија која сметала дека така е најизводливо и најекономично. Дополнително ќе се утврдува од каде ќе поминува кракот.
Изградбата на гасоводот „Јужен тек“ почна во декември. Вкупната инвестиција во „Јужен тек“ изнесува 25 милијарди евра, а гас се очекува да протече во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Струјата повторно ќе поскапи, а гасификацијата е заглавена
-
Илиовски: Не може и не смее да се игнорираат 37 милиони евра за гасификација и 47 милиони евра за топлификација
-
Преку новото сценарио за гасификација, владата на СДСМ ја прави Македонија енергетски зависна од Русија
-
Груевски: Процесот на гасификација тече одлично, постигнат е сериозен напредок во овој проект