Роберт и Луиз Бејн од Џорџија, САД биле во брак повеќе од седум децении. На Божик починале и двајцата, со неколку часа разлика. Дали е тоа случајност или навистина може да се умре од скршено срце?
Познато е дека повозрасните двојки кои се долго време заедно, често умираат еден по друг, со неколку дена разлика. Можеби најпознат пример за ова се Џони Кеш и Џун Картер Кеш, пишува весникот „Гардијан“.
Овие тажно, но и убави приказни не привлекуваат бидејќи сугерираат дека љубовта трае вечно, дури и по смртта. Но дали е во прашање случајност или постои рационално објаснување?
Иако се чини дека тоа често се случува, факт е дека медиумите пишуваат за тоа, бидејќи е интересно. Милиони луѓе ги надживуваат своите сопружници, што не значи дека тие не го сакаат партнерот, но околностите се поинакви.
Но, за овој феномен има научо објаснување. Постои „синдром на скршено дрце“, кој се случува кога некој ќе загуби блиска личност како партнер или сопруг (а). Смртта на партнерот е позната и како една од најстресните работи кои може да му се случат на човекот. Покрај душевната болка и така, стресот има и физичка компонента. Може да предизвика здравствени проблеми, може да влијае и на срцето. Остареното тело може да биде многу повеќе фрагилно откаколку телото на помладите, затоа и не може да го издржи шокот поради губење на партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.