Македонските ракометари ќе играат на турнирот во Нант во мошне специфичен период, кога во Франција жалат за убиените новинари и полицијци во терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.
Во Лил само десетина часа по убиството на 12 луѓе, меѓу нив грото врвни карикатуристи, се случи мошне емотивен момент. Публиката и фудбалерите на Лил и на Евијан заедно громогласно ја испеаја француската химна во чест на загинатите. Се играше фудбал и тоа заостанат натпревар, а веројатно вака ќе биде и во Нант, утре и задутре на ракометниот турнир на четирите нации. Македонија утре од 20.45 часот ќе игра со Алжир, а пред тој дуел домаќинот Франција ќе ги одмери силите со Аргентина.
Следниот ден од 15.30 ќе се игра мечот за трето место, а финалето е закажано за 18 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



