| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде ли вака и во Нант? Емотивна изведба на француската химна на фудбалски меч во Лил (видео)

Македонските ракометари ќе играат на турнирот во Нант во мошне специфичен период, кога во Франција жалат за убиените новинари и полицијци во терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“.

nant

Во Лил само десетина часа по убиството на 12 луѓе, меѓу нив грото врвни карикатуристи, се случи мошне емотивен момент. Публиката и фудбалерите на Лил и на Евијан заедно громогласно ја испеаја француската химна во чест на загинатите. Се играше фудбал и тоа заостанат натпревар, а веројатно вака ќе биде и во Нант, утре и задутре на ракометниот турнир на четирите нации. Македонија утре од 20.45 часот ќе игра со Алжир, а пред тој дуел домаќинот Франција ќе ги одмери силите со Аргентина.

Следниот ден од 15.30 ќе се игра мечот за трето место, а финалето е закажано за 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top