Со цел на унапредување на квалитетот на високото образование, Владата во изминатиот тримесечен период на транспарентна и сеопфатна дебата во јавноста по однос на предложените реформи во високото образование, прифати поголем број на аргументирани сугестии за квалитативно подобрување на концептот на реформите и на текстот на предложените законски решенија, се вели во соопштението од Владата.
Денеска Владата упатува уште еден повик и замолница до сите субјекти кои имаат интерес и конкретни и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата, до сите универзитети, до целата професорска фела и до сите студенти, вклучувајчи ги и оние професори и студенти кои побараа, а во текот на вчерашниот ден и прифатија учество во дебатата, а потоа решија да не присуствуваат на истата, да ги испратат своите предлози за квалитетно надградување и надополнување на текстот и членовите на предложените законски реформи, до Владата или до МОН во писмена верзија, за да може да бидат соодветно, деталн о и сеопфатно разгледани и да се увиди моѓноста за нивно вградување во законските решенија, се вели во соопштението од Владата.
Владата е отворена за сугестии и подготвена да ги разгледува и анализира сите аргументирани предлози кои ќе пристигнат, и тоа за секој член од законските решенија, и затоа уте еднаш го упатуваме овој апел до целата академска заедница, се вели во соопштението од Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


