Агенцијата за определување рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на најголемата словенечка банка НЛБ на ЦАА2 од Б2, со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина загубите и потребата за свеж капитал.
– Кредитниот профил на НЛБ дополнително е ослабен од потребата на дополнителна инјекција на капитал за соодветноста на капиталот да биде над границите на Европската банкарска агенција – наведе „Мудис“.
Проблемот во словенечките банки, кои банкротираат поради огромни ненаплатливи кредити, поттикнаа шпекулации дека на Словенија, порано примерна членка на ЕУ, ќе ѝ треба меѓународна финансиска помош.
НЛБ во Македонија е главен акционер на НЛБ Тутунска банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.