| четврток, 6 декември 2018 |

„Мудис“ предупредува на намалување на кредитниот рејтинг на Турција

MoodysПродолжувањето на политичкиот притисок врз централната банка на Турција, би можело да доведе до намалување на кредитниот рејтинг на земјата, предупреди меѓународната бонитетна агенција „Мудис“.

Како што објави турскиот весник на англиски јазик „Тудејс Заман“, „Мудис“ смета дека притисокот врз главната финансика институциа во Турција од страна на власти, влијае и врз расположението на инвеститорите.

Реакцијата на „Мудис“ следува по зачестените критики од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на работа на централната банка во последниот месец. Ердоган изрази незадовоство од монетарната политика на банката и ја критикуваше нејзината одлука за минимално снижување на основната каматна стапка.

Ердоган смета дека високата инфлација во земјата е последица на високите каматни стапки, за што ја обвинува централната банка. Според него, секое намалување на каматите би довело до пад на инфлацијата и до економски раст.

Меѓутоа, бонитетната агенција „Фич“ ја поздрави ваквата одлука на централната банка на Турција, оценувајќи дека таа ќе придонесе за намалување на буџетскиот дефицит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top