| четврток, 6 декември 2018 |

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на НЛБ

moodys

Агенцијата за определување рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на најголемата словенечка банка НЛБ на ЦАА2 од Б2, со негативна прогноза, наведувајќи ги како причина загубите и потребата за свеж капитал.

– Кредитниот профил на НЛБ дополнително е ослабен од потребата на дополнителна инјекција на капитал за соодветноста на капиталот да биде над границите на Европската банкарска агенција – наведе „Мудис“.
Проблемот во словенечките банки, кои банкротираат поради огромни ненаплатливи кредити, поттикнаа шпекулации дека на Словенија, порано примерна членка на ЕУ, ќе ѝ треба меѓународна финансиска помош.
НЛБ во Македонија е главен акционер на НЛБ Тутунска банка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top