Меѓународната агенција „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Русија од Баа3 на Ба1 со негативна прогноза.
„Мудис“ е втора меѓународна агенција која го намалува кредитниот рејтинг на Русија до шпекулативна категорија. На 26 јануари „Стандард енд Пурс“ исто така го намали кредитниот рејтинг на Русија во странска валута од БББ минус до ББ плус.
Рускиот министер за финансии Антон Силуванов одлуката на „Мудис“ ја оцени како „исклучително негативна“, додавајќи дека зад тоа стои политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.