| четврток, 6 декември 2018 |

Митев би си заминал само МЗТ да почне да победува

Бобан Митев е само еден од редицата тренери во МЗТ Скопје што не донесоа подобрување во играта на македонскиот првак, кој по поразот од Будуќност со 65-81 се закова на претпоследното место во Јадранската Лига. Митев по мечот изјави дека е незадоволен од играта на кошаркарите на МЗТ Скопје и дека би прифатил да си замине од клупата.

Петти меч по ред ни се повторува истиот проблем. Играме лошо од стартот на натпреварите и не ни функционира ништо во првото полувреме. Не знам на што се должи ова, можеби кошаркарите не ги прифаќаат моите методи на работа. Доколку играчите сметаат дека тие не се добри тогаш јас сум подготвен да си заминам за доброто на МЗТ Скопје. Спремен сум да останам и да работам, но треба да се седне со играчите и да им се разјаснат некои работи. Вака веќе не може, јас би си одел за доброто на клубот, само за МЗТ да почне да игра и да победува“, изјави Митев.

mitev

МЗТ смени неколку тренери пред пристигнувањето на младиот стручњак Митев, но и тие без разлика на реномето не успеваа да го тргнат клубот од летаргијата. Македонскиот првак има 11 порази во Јадранската Лига, а зад себе засега го остави само дебитантот од Бугарија, Левски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top