Ова е еден од најсмешните натпревари што сум ги одиграл во кариерата, изјави левото крило на Исланд, Гудјон Сигурдсон, веднаш по дуелот со Македонија, кој заврши со победа на Скандинавците од 23-19.
-Поради многуте технички грешки, ова е еден од најлошите натпревари во мојата кариера. Имаше непотребни грубости, а најважно е што го сопревме Кирил Лазаров. Нашата одбрана заврши голема работа – рече Сигурдсон.
Премалку погодоци, а премногу грешки на двете страни го одбележаа дуелот меѓу Македонија и Исланд, мошне важен за изгледот на конечната табела во Б групата. За жал ние ја загубивме битката во која доминираа голманите Ристовски кај нас, и Густафсон во победничкиот табор.
Денеска од 15,45 часот Македонија го игра клучниот натпревар против Русија, а влогот е голем, да се избегне Франција во осминафиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.