Кливленд направи одличен тим во летниот преоден рок. Успеа да го доведе најдобриот тим на денешницата Леброн Џејмс и заедно со Кевин Лав и Кајри Ирвинг важат за едни од главните фаворити за освојување на шампионскиот прстен оваа сезона.
Сепак досегашните резултати од 18 победи и 15 порази не го покажуваат тоа. Во моментов се наоѓаат на петтото место на источната конференција.
Леброн Џејмс ги пропуши последните два натпревара за Кливленд кој клубот ги загуби. Тие се во негативна серија од три порази, и мора да ги консолидираат редовите за да останат во позитивен резултат.
Дополнителни главоболки доаѓаат од лекарскиот тим на овој клуб, кој наведува дека Леброн Џејмс има повреда на грбот и коленото и ќе мора да отсустува повеќе недели.
Ова ќе биде најголема пауза за Џејмс во доегашната кариера, бидејќи досега отсуствувал само на седум натпревари во една сезона.
Покрај Леброн од терените на подолг период ќе отсустува и Андерсон Варежао, на претходниот дуел против Милвоки отсуствуваше и Кевин Лав.
Вечерва Кливленд игра на гостински терен против Шарлот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.