Потрагата по исчезнатиот авион на „ЕрАзија“ е прекината поради лошите временски услови, изјави шефот на индонезиската спасувачка служба Бамбанг Соелисти.
Тој наведе дека во реонот на потрагата брановите достигнуваат до височина од два до три метри. Соелисти посочи дека потрагата по авионот може да продолжи во текот на ноќта.
Во реонот на потрагата по патничкиот авион има три индонезиски бродови, а набрзо ќе им се придружат и три бродови на воената морнарица на Сингапур.
Спасувачите пронајдоа само три тела, кои е можно да се патници од авионот, а не 40, како што претходно беше соопштено. Пронајдени се и делови од авионот во морето на 160 километри југозападно од градот ПангкаланБун.
Авионот на индонезиската филијала на малезиската компанија „ЕрАзија“ во неделата исчезна од радарите околу 40 минути по полетувањето од Индонезија кон Сингапур во реонот на островот Борнео. Во авионот „Ербас А320200“ имаше 155 патници и седум членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


