| четврток, 6 декември 2018 |

Куќната помошничка ја тужи Шерон Стоун

Поранешната куќна помошничка на Шерон Стоун, Ангелика Кастило, во тужбата навела дека Шерон ја терала на тешка физичка работа и покрај нејзината повреда на грбот и грубо ја омаловажувала, велејќи ѝ дека е бавна лудачка.

За помалку од една година, откако заработи тужба од дадилката на нејзините деца, која тврди дека неправилно ја отпуштила, навредувајќи го нејзиното филипинско потекло, изговор и верски убедувања, актерката повторно ќе се најде пред суд.

Куќната помошничка  бара недефиниран износ оштета за физичка и психичка болка која ја претрпела работејќи за Шерон. Во тужбата се наведува дека го повредила грбот носејќи тешки торби во автомобилот на актерката по купување на намирници. Иако лекарот и наредил мирување, актерката инсистирала дека веднаш наредниот ден треба да дојде на работа, и да преместува тешки работи за време на чистењето на нејзиниот дом.

Четири месеци подоцна, кога и рекла дека грбот сè уште ја боли, Шерон и викала, велејќи и дека е бавна, мрзлива, глупава и луда. И дала отказ во октомври 2012 година, откако две години работела за неа.

– Тужбата е бизарна и смешна. Госпоѓата Кастило никогаш не била отпуштена, и денеска нејзините трошоци од здравственото осигурување се покриени од госпоѓата Стоун, изјавил адвокатот на актерката, Марти Сингер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top