Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 54 сообраќајни незгоди.
Во петокот, на 26 декември, извршен е увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди. Од нив, 18 се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди и еден пешак со полесни телесни повреди.
Во сабота, на 27 декември, извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и пет со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.
Во недела, 28 декември, извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило. Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 21 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 97 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот пред Собранието на Република Македонија ќе се одржи протест во организација на Студентски пленум. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.