| четврток, 6 декември 2018 |

Превојот Плетвар прооден за сите возила

Сите патни правци кон Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево се исчистени од снегот и проодни, информираа утрово од Подружницата на „Македонија пат“ од Прилеп.

Според раководителот на Подружницата Гоце Стефаноски, и превојот Плетвар е прооден за сите видови возила.
­

– Екипите ги исчистија сите патни правци и превојот Плетвар. Ноќеска на Превој се исчистени и навеви од снег од еден метар кои ги создаваше ветрот. На Плетвар снежната покривка е 50, а во Прилеп изнесува околу 30­ина сантиметри. За чистење на патните правци ноќеска се фрлени 120 метри кубни абразивен материјал и имаме доволно за одржување на патиштата, изјави Стефаноски.

Откако механизацијата на „Македонија пат“ ќе го дорасчисти и патниот правец за Македонски Брод, ќе се расчистува и патот за Мариово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top