| четврток, 6 декември 2018 |

Прв случај на ебола во Либија

Прв случај на зараза со ебола е регистриран во Либија и поради тоа, во Египет се преземени вонредни мерки на граничните реони, објавија египетски медиуми.

На граничните пунктови и на аеродромите е воведен карантин за да не се дозволи вирусот да се пренесе во Египет. Заразата е регистрирана во источниот град Тобрук каде секојдневно десетици египетски камиони доставуваат храна.

Египетските возачи поради тоа, се под посебна контрола од медицински тимови, додава весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top