Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите.
Поради големи остатоци од снег на коловозот, во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.
Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес се одвива забавено во колона. Сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово се одвива отежнато и забавено во долга колона.
На патнитe правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, Крива Паланака – г.п. Девебаир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато поради големи остатоци од снег има забрани за движење на тешки товарни возила. Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.