Израел ќе биде добар спаринг партнер на почетокот на подготовките на македонската репрезентација пред почетокот на Светското ракометно првенство во Катар, што ќе се игра од 15. јануари.
Денеска во салата „Јане Сандански“ во населбата Аеродром, Македонија и Израел ќе играат тест натпревар од 17,45 часот.
„Израел е противник по мерка на стартот од подготовките за СП во Катар. Се загреваме за настап на шампионатот, а формата на ракометарите се движи во нагорна линија. Ќе играме два меча со Израел, што е добра можност да испробаме дел од тактичките варијанти за Катар“, изјави селекторот на Македонија, Ивица Обрван.
Македонија ќе патува за Катар неколку дена пред почетокот на Светското првенство, а со нас во Б групата се Хрватска, БиХ, Австрија, Иран и Тунис. На стартот на натпреварите од нашата група на 16. јануари ќе играме против Тунис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.