Жената од американскиот град Синсинати, која јавно призна дека гласала неколку пати за Обама на последните избори во САД, сега се соочува со осум судски процес и обвиненија за изборни измами, како за овие избори, така и за нелегалното гласање и на минатите два изборни циклуси, во 2008 и во 2011 година.
Педесет и осумгодишната Ричардсон пред камерите рече дека гласала вторпат плашејќи се дека нема да ѝ биде изброен гласот додавајќи дека немала намера да направи измама.
Се борев за Обама и за неговото право да биде претседател – додава таа.
Освен изборна измама во свое име, таа се соочува со обвинение дека гласала и за пет други лица во неколку изборни циклуси. Од Обвинителството велат дека изборите се основа за демократијата и дека секој глас е важен и секој гласач и кандидат треба да верува во системот. „Обвиненијата треба да покажат колку сериозно го разбираме тоа“.
Оваа приказна се најде на насловните страници во САД откако при истрагата за кого и каде сè гласала обвинетата, нејзината внука, во чие што име гласала, изјавила дека тоа и не е голема работа. Но, гласањето за други е нелегално.
Ова не е единствен случај. Обвинета е и 54-годишна калуѓерка што гласала во име на друга калуѓерка, која починала во меѓувреме. Калуѓерката е обвинета за отворање туѓа пошта во која бил гласачкиот лист, гласањето и фалсификувањето на потписот на починатата. Обвинетата била деканка на колеџ.
Обвинителството сериозно си ја сфатило работата бидејќи се посочуваат и лица што гласале за сопружниците што починале во меѓувреме.
Но, највпечатлив е случајот на Ричардсон бидејќи го повторува делото неколку пати со ред. Доколку ја осудат, може да биде казнета и до 12 години затворска казна. Во меѓувреме, за да се врати вербата во изборите, дел од републиканските функционери повикуваат да се испитаат сите поплаки за изборни измами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Пандов: На избирачко место им ги снимавте личните карти и ги објавувавте или тие се од Пустец и не се луѓе?
-
Заврши гласањето во Австралија – излезноста е 7,73%