Петок го носи првиот до некаде зимски ден, барем ако ги земеме предвид метеоусловите. Наутро во дел од котлините се очекува слаба магла. Од пладне, почнувајќи од западниот дел од земјава, ќе настапи ново позначајно наоблачување, кое ќе донесе и врнежи. Ќе почнат како слаб дожд и дожд мешан со снег на пониските места, а на планините снег. Во текот на вечерта облачната маса ќе се рашири низ целата земја. Освен во гевгелискиот регион, вечерта речиси насекаде ќе паѓа слаб снег. Од овие врнежи на пониските места може да се очекува снежна покривка, но релативно мала. Ќе дува умерен ветер од север.
Максималната температура во Македонија ќе има вредност 3 Целзиусови степени низ поголем дел од котлините, а на југоисток до 10 целзиусови степени. На повиските места максималната температура ќе има вредност 2 Целзиусови степена.
Во Скопската Котлина се очекува магливо утро. Попладне се очекуваат дожд и снег, а во текот на ноќта само снег. Ќе дува умерен северен ветер. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само 3 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


