
Слаб снег вее на неколку планински врвови во Македонија. На Попова Шапка паѓа снег, но тоа уште не е доволно да се формира снежна покривка. Слаби снежни врнежи има и на Маврово, како на планинските превои Плетвар и Стража.
Од Македонија пат информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има на патните правци Велес-Каталаново, Стража и Прилеп-Крушевo.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


