| четврток, 6 декември 2018 |

Европа до 2035 година: Македонија на половина, БиХ ќе ја нема?!

Според прогнози на руски експерти, врз основа на документи на ЦИА, руската служба ГРУ и експертските групи на чело со Збигњев Бжежински и Семјуел Хантингтон, Европа до 2035 година ќе претрпи огромни промени во однос на нови граници и држави.

evropa

Територијата на Босна и Херцеговина ќе ја поделат Србија и Хрватска. За да се смири Турција, ќе се создаде Голема Албанија која ќе ја сочинуваат Албанија, Косово, територијата која Албанците ја нарекуваат Прешевска Долина и делот од западна Македонија.

Унгарија ќе го поврати својот некогашен дел во Романија и северен Банат. Полска ќе мора да се одрече од дел од својата територија по новите спогодби помеѓу Русија и Германија. Белорусија ќе исчезне и ќе стане дел од Русија, како и делови од балтичките држави и Украина. Се смета дека Русија нема да може да ги задржи Чеченија и Дагестан.

Evropa-mapa-kosovo

За Шкотска се вели дека по спроведениот референдум, сепак ќе прогласи независност, што ќе го поттикне обединувањето на Ирска. Каталонците и Баскијците ќе прогласат независност од Шпанија, а последица ќе биде распад на мултикултурализмот во Франција. Околу Марсеј ќе настане исламска држава, а областа Лорен со центар во Стразбур ќе се приклучи на Германија, додека Корзика ќе прогласи независност.

Според прогнозите, Белгија ќе се распадне, а Фламанците ќе ѝ се приклучат на Холандија. Италија ќе се распадне на богатиот север и на сиромашниот југ, а Сардинија и Сицилија ќе прогласат независност.

evrop

Професорот на Факултетот за политички науки во Белград, Слободан Марковиќ, укажува дека руските експерти се оградиле од тоа дека промените ќе зависат од социјални и политички нестабилности.

Според него, зад оваа карта се кријат политички интереси, а не сериозна анализа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top